Францускиот тим Стад Рошел, или како што многумина го нарекуваат клубот Ла Рошел, според градот од кој што доаѓа, пред неколку дена ја освои титулата во европската Лига на шампионите во рагби, а прославата на пристаништето беше фантастична.
Рагбито е популарен спорт во Франција, затоа и не треба да чуди што во Ла Рошел се славеше бурно.
Десетици илјади луѓе излегоа да ги поздрават шампионите, двокатниот автобус одвај се движеше бидејќи беше блокиран од навивачите.
Прекрасни сцени, а кај нас малкумина знаат за овој клуб, па еве прилика да слушнат и да видат како се слави европска титула во рагби.