Волчицата од Рим има зицер во градот на Ромео и Јулија, нема да го утне

1958 Башакшехир – Гиресунспор (Суперлига, Турција, 18 часот)

Да му се даде гол на Башакшехир во Турција е една од најтешките фудбалски задачи сезонава и првакот од пред 3 сезони прими само 4 гола во 10 кола.

Toa му доаѓа дека мрежата им се тресе речиси на секој трет меч, што е знак дека имаа топ-дефанзива.

Тимот што му е симпатичен на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган игра и во Европа и тоа може да им биде проблем, но барем успеаја да се пласираат во нокаут-фазата во Конференциската лига.

Мечот со Хартс на 3 ноември нема да им биде императив, иако со победа ќе си обезбедат директен настап во осминафиналето.

Солидни се и во домашното првенство и ако го победат Гиресунспор денеска и потоа го добијат и заостанатиот меч, можат да бидат и први на табелата со 26 бода, колку што има Фенербахче.

Гостите од Гиресун немаат победа на 7 меча по ред и паднаа на 17-тото место, што води во Втората лига.

За нив и еден бод ќе биде полна капа, а наш тип е дека нема да успеат.

Предлог тип: 1 (1.51)

 

1959 Сиваспор – Анталијаспор (Суперлига, Турција, 18 часот)

Двете екипи играат ефикасно и даваат, но и примаат многу голови во новата сезона.

Важно за нашиот избор да се одигра дека ќе има три или повеќе голови е дека и Сиваспор и Анталија имаат двајца одлични стрелци.

Американецот Хаџи Рајт со 7 погодоци за Анталијаспор е на делба на второто место на листата со најдобри стрелци, а во Топ-10 е и голгетерот на Сиваспор, Дија Саба, со четири погодоци.

Сиваспор игра во Европа, но е комотен пред гостувањето во последното коло во Конференциската лига кај Славија во Прага бидејќи Чесите не можат да им го загрозат настапот во нокаут-фазата.

Во конкуренција на 4 екипи, во сите варијанти со два или три израмнети според бодови екипи, Сиваспор не може да испадне.

На два од последните три меча протв Анталијаспор имаше многу голови, вкупно 10, а денеска за нашиот избор ќе бидат потребни барем 3.

Предлог тип: 3+ (2.04)

 

1699 Верона – Рома (Серија А, Италија, 18.30 часот)

Рома си обезбеди презимување во Европа и ќе игра во следната фаза во Конференциската лига, но на домашен терен некако се лизгаат шансите за титулата по поразот од Наполи, дома.

Првенството е долго, но Волчицата сега веќе има 10 бода негатива во однос на Наполи, па мора да ја победи Верона за да остане при врвот, ако не за титулата, тогаш за учество во Лигата на шампионите.

Верона го смени тренерот Чофи пред две кола, но и со новиот Бокети имаат два порази и вкупно серија од шест натпревари на кои се поразени и не освоија ниту еден бод.

Моментно го делат последното место со Кремонезе со по пет бода и имаат императив да ја прекинат црната серија, но Рома има подобар тим и ќе победи.

Предлог тип: 2 (1.99) Супер тип на Sport Life

 

3010 Монца – Болоња (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Монца и Болоња имаат речиси идентичен старт на сезоната, со по 10 бода по 11 кола на 14-тото и 15-тото место на табелата.

Болоња е во втората група со најмногу нерешени дуели, со екипите кои имаат по четири ремија, а Монца има само еден нерешен дуел во историската прва сезона во Серија А.

Гостите имаат подобар тим и неколку звучни имиња од калибарот на Арнаутовиќ, Бароу, Медел, Пош…, но и Монца на свој терен сигурно нема да се предаде.

Бодовите во овој дел од сезоната пред паузата за Мундијалот во Катар имаат посебно значење и типуваме дека ремито ќе биде таман за двете екипи.

Предлог тип: X (3.35)

 

1360 Елче – Хетафе (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Елче е единствената екипа во Ла Лига што сè уште нема победа по 11 кола и само со 4 бода е на последното место.

И Хетафе не може да се пофали со добар старт и е само на две позиции над Елче, а тоа е исто така опасна зона за испаѓање, но барем имаат 10 бода.

И двете екипи се со незгодни серии без победа, Елче од мај годинава, а Хетафе на последните пет меча.

И знаат да одиграат реми, па домаќините наредија 3 од четирите последни натпревари во Ла Лига со нерешен исход, а Хетафе е со 3 од 3, па ќе типуваме дека нема да има победник на последниот дуел од 12-тото коло во Ла Лига.

Предлог тип: X (2.90)

 

- Оглас -

Најнови вести