Верона со 4-0 го прегази Удинезе, а тренерот на гостите не почувствува потреба при негатива од 0-2 на полувреме во игра да го внесе Илија Несторовски, кој остана на клупата за резерви.
Верона е четврти најефикасен тим во Серија А, сезонава повеќе голови од нив имаат дадено само Интер, Наполи и Лацио, а ова беше и петти меч сезонава на кој тимот од градот на Ромео и Јулија дава четири или повеќе голови. До пред оваа сезона, Верона никогаш немаше повеќе од три „покери“.
Џенова дома одигра само 1-1 против Салернитана во дуел на двете најслаби екипи во лигата, и најверојатно овие два тима во следната сезона повторно ќе имаат меѓусебни дуелил, но во Серија Б.