14.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Верона го сопре налетот на Јувентус (Видео)

Верона и Јувентус ремизираа 1:1 на стадионот „Бентегоди“, во меч од четвртото коло во Серија А. Двата гола беа постигнати во првото полувреме.

Први се израдуваа госите од Торино. Фабио Консеисао по асистенција на Турам погоди за 1:0. Голот на Консеисао може да го видите ТУКА.

Радоста на Јувентус кратко траеше. Во финишот на првото полувреме беше досуден пенал за домаќините, а прецизен беше Орбан. Погодокот на Верона може да го видите ТУКА.

Во вториот дел, Верона имаше повеќе шанси за втор погодок, но не успеа да направи целосен пресврт против фаворитот.

Јувентус сега има 10 бодови од четири кола, додека Верона стигна до третото реми и има три бода.

- Оглас -

Најнови вести