Верона и Торино ги собраа симпатиите поради „грешните“ презимиња на дресовите (Фото)

Верина со поразот дома од 1-2 против Торино, си ја искомпликува ситуацијата околу опстанокот во Серија А, а тимовите ги собраа симпатиите поради еден гест.

Фудбалерите на Верона и Торино на терен се појавија со презимиња на грбот на дресовите кои не се нивни. Јасно е и зошто.

Во Италија се одбележуваше денот на мајката, па веронезите на дресовите ги имаа моминските презимиња на нивните мајки пред да се омажат.

Така, на голот на Верона беше „Саволди“, играше и „Јоксимовиќ“, а всушност станува збор за голманот Монтипо и играчот Лазовиќ чија мајка се презивала Јоксимовиќ.

И екипата на Торино направи нешто слично. Тие на дресовите ги имаа имињата на своите мајки.

- Оглас -

Најнови вести