Верона конечно успеа да ја победи Болоња на својот стадион „Марк Антонио Бентегоди“ по пауза од цели 17 години, а јунак беше Никола Калиниќ со победнички гол во 85. минута.
Хрватот влезе во игра само 11 минути претходно и успеа да ја затресе мрежата на Скорупски за прва победа на Верона на домашен терен против Болоња од 2005 година.
Гостите поведоа со голот на Орсолини во 14. минута, а главен момент и атракција не мчеот беше погодокот за 1:1 на Капрари.
Офанзивецот на Верона погоди со петица и го изненади голманот на гостите, со што им даде крилја на домашните играчи да остварат значајна победа.
Голот на Капрари можете да го погледнете ОВДЕ.