Фудбалерите на Верона и следната сезона ќе играат во Серија А откако во мајсторката за опстанок во најсилната италијанска лига ја совладаа Специја со 3:1.
И двете екипи сезоната ја завршија со 31 освоен бод и според правилата на Серија А, во случај два тима кои се борат за опстанок, титула или пласман во европски купови, се игра мајсторка.
Верона поведе уште во петтата минута со голот на Фараони, но Специја дојде до израмнување само десет минути подоцна. Голот за Специја го постигна Ампаду по асистенцијата на Шомуродов.
До крајот на првиот дел, Верона постигна уште два гола со кои ја завери победата.
Двата гола ги постигна Сирил Нгонге, првиот во 26-та, а вториот во 38-та минута.
Во вториот дел, Специја имаше можност од пенал да намали на 2:3 откако Фараони беше исклучен поради играње со рака на гол линијата. Но, Нзола не го реализира пеналот.