Верона беше подобра од Болоња со 2-1, а со овие три бода се зголемуваат шансите на Верона за опстанок во италијанската Серија А, иако уште се во опасната зона, на 18-то место.
Тимот од Верона освои седум бода во последните три кола, и ако продолжи вака и во наредните мечеви, сигурно ќе се спаси од испаѓање. Од друга страна, Болоња има само два порази во последните десет кола, но вечерва гостите не беа многу мотивирани.
Двоен стрелец беше Симоне Верди, а првиот гол му беше од пенал. Верди има изведено седум пенали во Серија А, и сите ги претворил во голови. Овој пенал вечерва беше првиот за Верона после 6 март 2022 година.