24.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Верона седум месеци не победила дома, но Кремонезе не е наивен противник

3009 Верона – Кремонезе (18.30 часот)

Новиот прволигаш Кремонезе беше најпријатно изненадување во првите две кола во Серија А затоа што освои 6 бода, ги победуваше Милан и Сасуоло, иако и примаше гол(ови) на тие два меча. Верона пак има само еден бод по два одиграни меча и гол-разликата им е 1-5. Верона дома нема лигашка победа уште од февруари, а кога последен пат се сретнаа пред две и пол години, Верона дома беше подобра со 2-0. Кремонезе нема лигашка победа над Верона уште од 2009, кога беа третолигаши.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (3.00)

 

1321 Сарагоса – Албасете (20.30 часот)

Ова е дуел од втората шпанска лига помеѓу два тима кои немаат победа по четири одиграни кола. Сарагоса има два, а Албасете само еден бод. Албасете има серија од три порази по ред, а со 13 примени гола на четири меча, ја има и најлошата одбрана во лигата, редовно прима барем два гола, но има дадено 8, со што е многу поефикасен од Сарагоса, која во четири меча само трипати ја тресеше противничката мрежа. Последните шест меѓусебни дуели на „Ла Ромареда“ им беа со 0-2 гола.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

3010 Комо – Џенова (20.45)

Комо и Џенова во првите две кола во италијанската лига играа неефикасни мечеви со 0-2 гола. Џенова уште нема дадено гол, а прими само еден. Комо освои три бода во првото коло против Лацио, а потоа загуби од Болоња, но вечерва ќе биде фаворит. Во април, кога овие два тима се сретнаа во Комо, беше 1-0 за домашните. Во меѓусебните дуели на овие два клуба, никогаш не било 0-0. Џенова во првите две кола играше дома, ова им е прво гостување.

Предлог тип:& 1-3 (1.78)

 

1719 Генгам – Монпелје (20.45 часот)

Двата тима се во долната половина на табелата во втората француска лига. По четири кола, Монпелје има 5 бода, а Генгам 4, но Генгам е тим кој има повеќе и постигнати и примени голови во однос на Монпелје. Тимот на Монпелје, кој во минатата сезона беше прволигаш, повеќе од една година нема играно нерешено на гостински терен. Генгам 19 години не знае за победа против Монпелје.

Предлог тип: 1+I&1+II (1.81)

 

1309 Еспањол – Мајорка (21.00 часот)

Еспањол тргна одлично, во првите три кола собра 7 бода, затоа важи за фаворит на хартија. Мајорка има само еден бод, но имаше тежок распоред, веќе играше со Барселона и Реал Мадрид. Мајорка во првите две кола играше дома, а сега има две гостувања по ред. Последниот пораз (се сметаат и пријателските мечеви) на Еспањол беше на 18 мај, а во средината на мај беше последната победа на Мајорка на официјален меч. Во последните четири нивни меѓусебни дуели, секогаш имало барем два гола и секогаш двата тима даваа гол.

Предлог тип: 1 (2.20)

- Оглас -

Најнови вести