Верона со подвиг до последниот билет за Серија А

Верона се врати во Серија А и го обезбеди последниот билет за следната сезона во Калчото откако со 3:0 ја победи Цитадела во реваншот на финалниот меч од баражот за влез во Првата лига.

Шампионот на Италија од 1985 година имаше негатива од 0:2 од првиот меч, но со головите на Закањи, Ди Кармине и на Лариби ја анулира предноста на Цитадела и е победник во плејофот во Серија Б.

Пред Верона, во Серија А директно се пласираа Бреша и Лече, а испаднаа Киево, Фрозиноне и Емполи.

Во баражот, иако според позицијата на табелата заслужил, не играше Палермо. Екипата за која настапуваат нашите репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски го заврши шампионатот во Серија Б на третата позиција и ќе беше главен фаворит за камбек во Серија А, но непосредно пред стартот на бараж-мечевите беше казнет и не настапи во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести