Верстапен сака првата пол позиција во кариерата да ја заокружи со победа во Унгарија

Макс Верстапен за прв пат во кариерата ќе стартува, а пред него да нема ниту еден болид. Холанѓанецот вчера имаше одлично возење во квалификациите и на крајот постави нов рекорд на патеката, а со тоа ја обезбеди и првата пол позиција во кариерата. Освен што за него ова беше прва пол позиција, тој е јубилеен 100-ти возач кој ќе ја има честа да поведе на една трка.

„Среќни сме што ја освоивме пол позицијата. Прашање на време беше кога ќе стигнам до првата пол позиција. Болидот е одлично подготвен, но останува уште трката, а тоа е најважното“, рече Верстапен по освоената пол позиција.

Со наполни 22 години, Верстапен е четвртиот најмлад возач кој стартува од пол позицијата, потврдувајќи го неговиот потенцијал. Тој сезонава веќе има две победи и со 162 поени е на третото место во генералниот пласман. Лидер е Луис Хамилтон со 225 поени, а Валтери Ботас има 184 поени освоени до оваа трка.

На денешната трка, зад Верстапен ќе стартуваат двата болида на Мерцедес. Ботас е втор, а Хамилтон како трет. Потоа следуваат дват авозачи на Ферари, Леклер и Фетел, а шестото место е резервирано за тимскиот колега на Верстапен, Гасли.

Комплетната понуда за обложување на Ф1 трката, како и трката од Мото шампионатот може да ја најдете на Sport Life.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести