Јан Вертонген е еден од најискусните играчи во белгиската репрезентација, а вечерва (21 часот) ќе биде биде во улога на џокер за селекторот Роберто Мартинес во дербито против европскиот шампион Португалија.
Вертонген минатата сезона ја мина во редовите на Бенфика, а искуството со играње во оваа земја треба да биде од придонес во мечот против составот на Фернандо Сантос.
Сепак, Вертонген ќе мора да поработи со своите деца за кои откри дека навиваат за Португалија, наместо за Црвените ѓаволи.
„Ривалот го познавам подобро од некои мои соиграчи бидејќи сезоната ја поминав во португалската лига. Бидејќи живеам во Лисабон, моите деца се школуват таму, па тие како и нивните другари од училиште навиваат за Португалија. Не им е јасно дека вечерва ќе играм против тимот за кој навиваат“, посочи Вертонген.
За екстоперот на Тотенхем ова дерби ќе биде од посебен значај, бидејќи во белгиската репрезентација дебитираше токму против Португалија, а го одигра и јубилејниот 100-ти меч во националниот дрес против актуелниот бранител на континенталната титула.