Верувале или не: Брентфорд даде гол во елитната англиска лига по пауза од 27.110 денови

Новиот премиерлигаш Брентфорд води со 1:0 на полувреме против Арсенал во првиот меч од новата сезона во најсилното англиско првенство. Серџи Кањес беше стрелец на голот кој донесе голема радост на домашните навивачи.

Шпанецот погоди во 22 минута, гол кој е прв за Брентфорд во англиско елитно натпреварување по пауза од неверојатни 27.110 денови. Брентфорд не бил во најсилната лига цели 74 години. Последниот гол што го дадоа во најсилното натпреварување беше во мај 1947 година кога погоди Лен Таусенд.

- Оглас -

Најнови вести