Славниот кошаркарски ас Коби Брајант, кој пред две години го загуби животот во хеликоптерска несреќа, во целата дведецениска НБА-кариера играше за Лос Анџелес лејкерс и ги носеше дресови со броевите 8 и 24.
Судбината сакаше на годишнината (на 26 јануари) од неговата смрт, Лејкерс да имаат биланс од 24 победи и 24 порази, а моментно се и на осмото место на табелата во Западната конференција. Неверојатно поклопување со бројките на Коби.