Верувале или не, Роналдо против Лион изедначи голгетерски рекорд кој го држеше голман!

Јувентус испадна во осминафиналето од Лигата на шампионите, но Кристијано Роналдо повторно испиша дел од историјата во елитното клупско натпреварување на Стариот Континент. Најдобриот стрелец во историјата на ЛШ на реваншот против Лион стана само третиот човек кој против ист ривал давал голови во дресовите на три различни клуба.

Роналдо во 2008 година, кога со Манчестер јунајтед ја освои европската титула, со свој гол го исфрли Лион. Потоа како играч на Реал, Кристијано трипати даваше голови против Лион, а и сега како член на Јуве погоди, но тоа не беше доволно за пласман понатаму.

Пред Кристијано Роналдо, ваков подвиг имаат само холандскиот голгетер Руд ван Нистелрој и германскиот голман Ханс Херг Бут. Ван Нистелрој даваше голови против Баерн во дресовите на ПСВ, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. Најинтересно е што во ова друштво е и голман. Бут беше специјалист за изведување пенали, во кариерата даде 29 гола, од кои три му се против Јувентус. Бут во периодот до 2000 до 2009 година на Јуве му даваше голови од пенал како играч на Хамбургер, Баер Леверкузен и Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести