Американската тениска легенда, Андре Агаси, во кариерата освои 8 грен-слем титули, неговата сопруга Штефи Граф има 22, па Агаси во едно интервју се пошегува дека ако се разведе со Штефи, ќе треба да му припаднат половина од нејзините титули, и со тоа би бил пред Новак Ѓоковиќ.
„Ако некогаш ме напушти Штефи, ќе треба да добијам половина од нејзините грен-слеми, така? Така би имал околу 29, мислам деека Новак има долг пат за да ме стигне“ – рече на шега Агаси кој го тренираше со Ѓоковиќ во 2017-2018 година и има придонес во успесите на Србинот на кој тогаш му почна доминацијата.
Сепак, тој погреши во пресметките. Ако земе половина од нејзините 22 титули, а тоа се 11, кога би се додале на неговите осум, би имал вкупно 19. Ѓоковиќ има 24 во моментов.