Ракометната федерација на Македонија на својот профил на „Фејсбук“ објави забавно видео на кое машката сениорска репрезентација, играчите и тренерскиот тим, им ги честитаат празниците на сите фанови.
Видеото во кое има и песни и смеење, може да го погледнете ТУКА.
Инаку, по враќањето од подготовките во Србија, селекторот Кирил Лазаров им даде слободни денови на играчите. На тренинг се враќаат на 2 јануари, а првиот настап на Европското првенство во Германија го имаме на 10-ти јануари во Дизелдорф против Франција.