Весела новогодишна забава и плакета за Sport Life од Специјалната олимпијада (Фото)

Специјалната олимпијада на Македoнија (СОМ) е невладина организација која ги сервисира потребите на лицата со пречки во развојот со цел нивна социјализација и интеграција во заедницата преку спорт и рекреација. Формирана е во 2003 година, а од оваа година меѓу помагателите е и Sport Life како општествено одговорна компанија.

Под мотото „Дозволи ми да победам, а ако не можам, дозволи ми да бидам храбар во обидот“ организацијата во земјата ја остварува својата мисија, а тоа е да овозможи спортски натпревари и тренинзи во различни олимписки спортови за деца и возрасни со интелектуална попреченост, давајќи им постојани можности да ја развијат физичката кондиција, да покажат храброст, да искусат радост и да учествуваат во споделување на вештини, знаења и пријателства со нивните семејства и останатите атлети на Специјална олимпијада и заедницата.

Синоќа во пријатниот новогодишен амбиент на спортскиот клуб МТП се одржа новогодишна забава на која атлетите се забавуваа, добија подароци, а претседателката на СОМ, Моника Бошкоска, потсети на сите успеси годинава и додели плакети во знак на благодарност до неколку компании, меѓу кои и Sport Life.

Во својот годишен план Специјалната олимпијада на Македонија организира Европска кошаркарска недела, пливачки митинг и Фудбалска недела поддржана од ФИФА. Специјалната олимпијада на Македонија во изминативе години постигна врвни резултати со учеството на повеќе меѓународни турнири и Олимписки игри во поединечни и групни спортови.

Следна дестинација на нашите атлети се Зимските олимписки игри во Торино 2025, каде што нашите олимпијци уште еднаш ќе се обидат успешно да ја претставуваат својата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести