Веселин Вујовиќ: Од ЕХФ очекував глупост, им успеа дури и да се надминат

Веселин Вујовиќ ја критикуваше одлуката на Европската куќа на ракометот, ЕХФ, да ја скрати сезоната и да им ја одземе шансата на дел од клубовите во Лигата на шампионите да се изборат за фајнал-фор турнирот во Келн, но и на репрезентациите што извисија за настап на следното Светско првенство.

Оштетен е и актуелниот европски првак Вардар, кој нема да игра осминафинале против ПИК Сегед. ЕХФ одлучи прво и второпласираните екипи од групната фаза во ЛШ да настапат на завршниот турнир во „Ланксес арена“ на 28 и 29 декември.

И македонската репрезентација ја загуби шансата да игра бараж-двомеч со Франција, па Триколорите автоматски и без игра се пласираа на СП 2021.

„Очекував од ЕХФ да направи некаква глупост, да донесе некаква нелогична одлука, но тие се надминаа со ова. Ова е декрет, што не се памти во време на демократија и никому не му е дзоволено ниту да се жали. На фајнал фор турнирот не играат најскапите, па и најдобрите екипи, туку клубовите што ќе покажат на терен дека се најквалитетни. Погледнете ги последните 5-6 изданија на Лигата на шампионите и прекрасните успеси на Вардар, Монпелје, Фленсбург, Кјелце… Тие не беа фаворити, но ги освојуваа европските титули. Исто е и со репрезентациите. Па некој вложил многу труд, пари, време… и сега оддеднаш со некаква глупава одлука им се одзема шансата да се борат за настап на големо натпреварување“, изјави Вујовиќ.

На Ф4 во Келн ќе играат Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем. Македонската ракометна федерација најави дека ќе конкурира за вајлд-карта за СП 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести