Вештачката брада го чини еден месец пауза

Фудбалерот на Бордо, 29-годишниот Јунус Санкаре, не беше задоволен од својот изглед, па реши да оди на операција на брадата и да си стави импланти, но тоа за него значеше еден месец неиграње.

Санкаре по необичната операција за корекција на брадата, постојано имал температура, компликации, грозница и никако да се врати на теренот. Ова е една од најчудните повреди во историјата на спортот.

Сенегалецот, кој кариерата ја почна во ПСЖ, пропушти три средби од француската лига, а нема да игра ниту утре на пресметка со Монпелје. „Жирондинците“ имаат само една победа на последните седум настапи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести