-1.2 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Вештачката интелигенција го одреди најдобриот кошаркарски состав (Фото)

ChatGPT апликацијата, која преку вештачка интелигенција има одговор на сите прашања, овојпат ја одбра најдобрата кошаркарска постава. Таа е сочинета од: Меџик Џонсон на плејмејкерската позиција, потоа на крилните позиции Леброн Џејмс и Мајкл Џордан и под кошот Тим Данкан и Карим Абдул-Џабар.

Во поширокиот состав од 12-мина кошаркари би се нашле и: Коби Брајант, Лери Бирд, Кевин Дурант, Шекил О’Нил, Били Расел, Хаким Олајџувон и Стеф Кари.

Според ChatGPT, ваквиот одговор е врз основа на илјадници податоци кои се користени во давањето на одговорот.

- Оглас -

Најнови вести