Вештачката интелигенција пресмета дека Интер пак ќе биде шампион на Италија

Со натпреварите Џенова – Интер и Парма – Фиорентина кои почнуваат во 18.30 часот, вечерва почнува новата сезона во италијанската фудбалска Серија А.

Според суперкомпјутерот на Опта, голем фаворит за скудетото е актуелниот првак Интер. Вештачката интелигенција пресмета дека Интер има дури 79.49 проценти шанси за титула.

Втор фаворит за првак изненадувачки е Аталанта, на која ѝ се даваат 10.01 отсто шанси. Јувентус има само 4,43 проценти шанси, Милан 2,09, а Болоња 1,21 процент. На листата на клубови кои може да станат прваци се и Рома, Лацио, Наполи, Фиорентина и Торино.

- Оглас -

Најнови вести