Во минатото кога требаше да се бара некоја прогноза или пресметка за некој спортски дуел како ќе заврши, тука беше суперкомпјутерот да ги даде своите статистички параметри во кој правец може да се очекува да се движи средбата.
Сега главната улога ја има Chat GPT, односно вештачката интелигенција (АИ). Популарната АИ дава одговори на многу прашања од различни теми, а кога се поставува прашањето како ќе заврши дуелот од полуфиналето на Отвореното првенство на САД меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас, одговорот е следниот:
„Натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас на Отвореното првенство на САД многумина го гледаат како дуел на искуство и ментална цврстина од една страна, и младост, енергија и агресивно темпо од друга страна. Алкарас влегува во полуфиналето без изгубен сет, свеж, полн со самодоверба и со јасна тактика – да одржува висок ритам, да ги продолжува нападите и да го исцрпува Ѓоковиќ додека физички не се сруши. Неговата разновидност во ударите, експлозивноста и брзината на движење му даваат предност да го диктира темпото и да ја преземе иницијативата во клучните точки. Се очекува дека ќе ги земе првите два сета со тоа темпо и ќе изврши притисок врз Новак.
Од друга страна, Ѓоковиќ иако се приближува кон четириесеттата година, останува симбол на ментална сила и играч кој никогаш не се откажува. Неговото искуство, совршено чувство за тактика и способност да игра најдобро што може во најтешките моменти го прават вечен кандидат за победа. Ако го пронајде ритамот на својот сервис и го искористи своето богатство од знаење во менувањето на темпото, може да возврати и да сврти барем еден сет во своја корист, веројатно третиот. Сепак, самиот Новак призна дека не е сигурен во својата физичка подготвеност, а противник како Алкарас знае како да го казни тоа.
Затоа повеќето прогнози укажуваат дека Шпанецот ќе слави со резултат од 3:1. Првите два сета веројатно ќе му припаднат на Карлос поради неговата агресивност и свежина, Ѓоковиќ би можело да се врати и да го освои третиот, но во четвртиот Алкарас повторно би го наметнал ритамот и би ја завршил работата. Разликата првенствено е во физичката состојба и темпото на играта“, анализираше ChatGPT во пресрет на денешното полуфинале.