Вештерките на Пипо се подготвени за прослава – Вечерва можат да летнат кон Серија А

Филипо Пипо Инѕаги е подготвен за славење со Беневенто, а вечерва популарните Вештерки и со реми против Јуве Стабија ќе бидат нови прволигаши.

Фудбалската легенда на Италија и еден од најдобрите стрелци во историјата на италијанскиот фудбал се покажа во одлично светло како кормилар на Беневенто.

Тимот што сигурно го води кон највисок ранг на натпревари има само еден пораз во 30 кола во Серија Б и на 21 меч по ред е непоразен.

Единствена екипа што го победи Беневенто е Пескара во деветтото коло и оттогаш лидерот е неприкосновен во Втората лига.

Вечерва од 21 часот ако не загубат од Јуве Стабија, и официјално ќе бидат промовирани во нови прволигаши и можат да израмнат рекорд стар 42 години.

Само на Асколи во сезоната 1977/78 му успеа на 7 кола пред крајот на првенството и официјално да стане член на Серија А.

До крајот на тековната сезона во Втората италијанска лига има уште 8 рунди, а моментно Беневенто има 73 бода, 22 повеќе од Кротоне, и ако победи или ремизира со Јуве Стабија на мечот што се игра од 21 часот на нивниот стадион, ќе биде промовиран во нов член на елитниот ранг во Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести