Екипата на Порто, за којашто настапува и нашиот репрезентативец Никола Митревски, загуби на домашен терен од Веспрем со 28:36 во второто коло од Лигата на шампионите.
Унгарскиот првак се покажа пресилен за најдобриот португалски колектив, пред сè, благодарение на добриот финиш на првото, како и целото второ полувреме.
Нашиот репрезентативен чувар на мрежата имаше осум одбрани, додека најефикасен на теренот беше Петар Ненадиќ со осум гола од девет упатени удари.
Ова е втор пораз за Порто во групата А од исто толку натпревари.