Веспрем ќе ја брани титулата во СЕХА-лигата, односно ќе атакува на четврти трофеј во ова натпреварување, откако во полуфиналето на Ф4-турнирот во Задар го надигра тимот на Мотор Запорожје со убедливи 36:27.
Унгарскиот првак без поголеми проблеми го реши тимот на Мотор откако веќе по првите 30 минути имаше сигурно водство од шест гола, за до крајот на мечот рутински да ја заврши работата.
Веспрем задутре во големото финале ќе се сретне против ППД Загреб, еднократниот СЕХА-шампион, кој по четврти пат ќе се бори за титулата.
Хрватскиот гигант кој на овој турнир влезе на местото од Вардар откако македонскиот првак беше исфрлен поради корона-криза, славеше против Мешков Брест во пенал-рулетот со 6-5, откако резултатот гласеше 37:37 по двете полувремиња.