Унгарски Веспрем по четврти пат (2015, 2016, 2020 и 2021) е освојувач на титулата во регионалната ракометна СЕХА лига. Во финалето во Задар, Веспрем дури по подобро изведување на седмерци го совлада ППД Загреб, тим кој на финалниот турнир учествуваше на местото на Вардар 1961 кој на чуден начин беше исфрлен од друштвото во кое со игрите си заслужи место.
Дејан Манасков во финалето против загрепчани даде два гола од четири обиди. Петар Ненадиќ со 8 гола во регуларниот дел од средбата, и со клученгол од пенал во изведувањето седмерци, беше јунак на финалето.