Вест Бромвич Албион го промовираше ЦР7! (Видео)

Вест Бромвич Албион, повратникот во Премиер лигата, и официјално потврди дека во своите редови го доведе ЦР7, но не се работи за Кристијано Роналдо, туку за Калуму Робинсон. Новиот играч на ВБА ќе го носи дресот со бројот 7, исто како и прославениот Португалец, па англискиот тим најде интересен начин за промоција.

Робинсон минатата сезона играше во ВБА, но како позајмен играч од Шефилд јунајтед. Тој беше еден од најдобрите во екипата и во 16 одиграни меча, даде три гола. ВБА веднаш реши да го откупи договорот на Робинсон, а во Шефилд замина шкотскиот интернационалец Оливер Барк.

Калум Робинсон во младинските категории беше дел од англиската репрезентација, но сега е член на селекцијата на Република Ирска.

 

- Оглас -

Најнови вести