Лисиците слабо се снаоѓаат на „Енфилд роуд“, Ливерпул пак им подготви замка

1304 Хетафе – Мајорка (Шпанија, Ла Лига, 17 часот)

Хетафе и Мајорка имаат доста меѓусебни натпревари во Ла Лига што беа скромни со голови и завршија со 0-1 погодок.

И во ова првенство во најсилната шпанска лига двете екипи се мачат со ефикасност и се меѓу тие што најтешко даваат голови.

Од Хетафе, кој даде 12 погодоци на 14 натпревари, понеефикасни се само Кадис и Елче, а Мајорка постигна гол повеќе, 13, што исто така ја позиционира во долниот дел на табелата според ефикасноста.

Одбраните им се солидни, бодовите многу важни за што побрзо да се осигури опстанокот во Ла Лига, па наш тип е дека домаќинот нема да загуби во меч со малку голови.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.55)

 

1306 Селта – Севилја (Шпанија, Ла Лига, 19.15 часот)

Веројатно никој не очекуваше пред Нова година Севилја да биде во опасната зона, а Селта на една позиција пред неа.

Само пред 7 месеци, Севија го заврши шпанскиот шампионат на четвртото место со обезбеден настап во Лигата на шампионите, а и Селта не беше лоша на 11-тата позиција.

Сега влегоа во вртлогот што се нарекува зона за опстанок, па амбициите им се сосема поинакви, а тие се што поскоро да излезат на безбедна територија.

И двете екипи беа во ужасна форма пред прекинот на првенството поради Мундијалот во Катар.

Кај Селта актуелна е серијата од 7 меча без победа во Ла Лига, а Севилја има пет.

Ова ќе биде меч на нож, тврд и со многу битка и типуваме дека победникот ќе се решава со повеќе голови во второто полувреме.

Предлог тип: 2>1 (1.88)

 

1174 Вест хем – Брентфорд (Англија, Премиер лига, 20.45 часот)

Вест хем има многу поголемо педигре од Брентфорд, но според формата, моментно Чеканите од Лондон се полош тим од Пчелите.

Вест хем има четири порази по ред и падна на табелата многу блиску до опасната зона за преселба во понизок ранг.

Антонио, Боувен, Пакета, Рајс, Соучек… се фудбалери од топ-калибар, но не играат добро како тим оваа сезона.

Брентфорд ќе се обиде да изненади и да ја продолжи серијата од четири меча без пораз и може да го стори тоа, но според нас, само со реми на „Лондон стедиум“.

Предлог тип: Х (3.50)

 

1175 Ливерпул – Лестер (Англија, Премиер лига, 21 часот)

Ливерпул е непоразен во меѓусебните дуели со Лестер на „Енфилд роуд“ од 2000 година, или во овие веќе 22 години во новиот милениум.

Тоа е серија за почит за домаќините и за длабока анализа за гостите, кои не се снаоѓаат на гостувањата кај англискиот гигант.

И сега, како што стојат работите и според формата, ниту на 13-тиот меч по ред Лестер нема да победи, иако популарните Лисици имаат одличен тим.

Ливерпул веќе заостанува за 15 бода зад лидерот Арсенал, а е и зад конкурентите Манчестер сити, Њукасл, Тотенхем и Манчестер јунајтед, па мора да победува ако сака да игра во Лигата на шампионите.

Предлог тип: 1&3+ (1.59)

 

1307 Валјадолид – Реал Мадрид (Шпанија, Ла Лига, 21.15 часот)

Стадионот „Зорилја“ стандардно и оваа сезона е многу незгоден за гостување, но тоа како да не важи за Реал Мадрид.

Шампионот и најтрофеен клуб во Шпанија има шест меча во низа без пораз на бастионот на Валјадолид и пет од нив се победи.

Реал и сега е фаворит, иако е во многу понезавидна ситуација, најмногу поради Мундијалот во Катар.

Таму Кралскиот клуб имаше многу репрезентативци на разни земји, а имаше и повреди како таа на Бензема и разочарувања од калибарот на бразилските што ги претрпеа Винисиус и Родриго, кои очекуваа титула и замор ако се анализира минутажата на бронзениот Хрват, Лука Модриќ.

Валјадолид немаше такви проблеми, газда Роналдо, тој бразилскиот, го чека својот поранешен клуб Реал Мадрид на гости, но со цел да го остави со празни раце или барем да избегне пораз со својот сегашен тим.

Реал сепак има широк и многу квлитетен ростер и може да победи на „Зорилја“, макар и минимално.

Предлог тип: 2&0-2 (4.80)

 

- Оглас -

Најнови вести