22.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Вест хем даде еврогол па го налути Челзи и претрпе катастрофа (Видео)

Челзи со 5:1 славеше на гости кај Вест хем во лондонската пресметка со која стартуваше второто коло од англиската Премиер лига. Интересно е дека Вест хем прв даде гол кога Лукас Пакета постигна фантастичен гол во шестата минута за радост на домашните навивачи.

Сепак, потоа на сцена стапија гостите и веќе во 34 минута беше 3:1 за Челзи. Прво погоди Жоан Педро за 1:1, а потоа Нето и Фернандес беа прецизни за водство на гостите на полувреме.

Челзи продолжи фуриозно и во второто полувреме и веќе во 58 минута беше 5:1 за тимот од „Стемфорд Бриџ“.

- Оглас -

Најнови вести