Вест хем доби шампионско засилување

Вест хем потврди дека го добиле англискиот репрезентативец Калвин Филипс на позајмица до крајот на сезонава.

Филипс е 28-годишен играч на Манчестер сити, тим со кој во минатата сезона ги освои Лигата на шампионите и Премиер лигата, а таму дојде во 2022 од Лидс, каде што играше и со Езџан Алиоски. Калвин е роден во Лидс и има прекар „Јоркширскиот Пирло“.

Во Вест хем борбениот плејмејкер ќе носи дрес со бројот 11.

Погледнете како Чеканите го претставија своето засилување за вториот дел од сезоната:

https://twitter.com/i/status/1750805802284097571

- Оглас -

Најнови вести