Вест хем извојува победа од 3-0 против Шефилд јунајтед и сега Чеканите се на четврто место на премиерлигашката табела, симнувајќи го Ливерпул на петта позиција. Вест хем конечно во 24-тиот меч сезонава дочека првпат да шутне пенал во Премиер лигата, а прецизен беше Деклан Рајс, кој првпат во кариерата шутна пенал.
Рајс е првиот играч на Вест хем по Мајкил Антонио од јули 2020 година кој даде гол од пенал за Вест хем во Премиер лигата.
Вест хем за првпат по 1967/68 успеа двапати во иста сезона да го победи Шефилд, а за менаџерот Дејвид Мојс продолжи позитивната традиција секогаш (седум пати) да победува против Шефилд јунајтед кога неговиот тим е домаќин.