Вест хем е решен да ги ограби Топчиите, бара повеќе од 100 милиони за својот најдобар играч

Челниците на Вест хем ја одбија понудата на Арсенал дури од 105 милиони евра за Деклан Рајс бидејќи стравуваат дека бонусите се тешко остварливи.

Според новинарот Фабрицио Романо, Арсенал понудил 90 милиони евра, плус 15 милиони во бонуси, но Чеканите ја одбија оваа понуда и бараат отштетата да изнесува 105 милиони без бонуси.

Тие очекуваат дека Арсенал ќе им ја исполни желбата бидејќи во трката за потписот со Рајс планира да се вклучи и Манчестер сити. Желба на фудбалерот е кариерата да ја продолжи во Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести