Поучени од тоа што се случи во Барселона, кога 30.000 германски навивачи регуларно со билети влегоа на стадион и го бодреа својот Ајнтрахт Франкфурт против Барса, во Вест нем не сакаат да им се случи слично сценарио и презедоа мерки.
На 28 април, Вест хем игра дома против Ајнтрахт во полуфиналето на Лигата на Европа, а Чеканите почнаа со продажба на билети. Фановите кои имаат сезонски билети, може да купат уште по два билети, а германски љубители на фудбалот кои никогаш порано не биле на стадионот во Лондон нема да може да купат карти за овој меч следниот четврток.
Барселона беше шокирана од присуството на огромен број гостински навивачи на нивниот стадион, и тоа облечени во бело, како боите на ривалот Реал Мадрид, а освен тоа, Барса беше и казнета парично од УЕФА што дозволила поголем број гостински фанови од оној што бил одреден според капацитетот на стадионот.
Затоа од Вест хем испратија соопштение дека ако нивни навивачи препродаваат билети, ќе им биде укината сезонската карта и нема да им бидат вратени парите и ќе им се забрани влез на стадионот до крајот на сезоната 2022/2023.
Од Ајнтрахт велат дека нивните навивачи се креативни и ќе најдат начин во поголем број од предвидениот и во Лондон да му дадат поддршка на својот тим.