Вест Хем избега од зоната на испаѓање

Фудбалерите на Вест Хем го совладаа Саутемптон со 1:0 и 29-то коло од Премиер лигата и избегаа од опасната зона на испаѓање.

Чеканите со победата над директниот конкурент во битката за опстанок, се искачија на 14-то место на табелата со 27 бода, само еден повеќе од зоната на испаѓање, додека Саутемптон остана последен со 23 освоени бодови.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 25-та минута и тоа од Наиф Агерд кој беше највисок во скокот во шеснаесетникот на Саутемптон и со одличен удар со глава ја затресе мрежата на Базуну.

- Оглас -

Најнови вести