Вест хем ја продлабочи кризата на Тотенхем и го освои целиот плен од лондонското дерби (Видео)

Екипата на Вест хем ја продлабочи кризата во редовите на Тотенхем и со победа од 1-2 си заминува од гостувањето кај градскиот ривал. Тотенхем пред овој натпревар имаше три порази во серија во Премиер лигата и едно реми, но вечерва одлично го отвори мечот и поведе уште во 11-тата минута преку аргентинецот Кристијан Габриел Ромеро.

Водството на домашните беше активно се до 52-рата минута, кога Џерод Бовен израмни на 1-1 и го најави пресвртот, кој го комплетираше Џејмс Вард-Провс во 74-тата минута.

Тотенхем иако беше лидер на почетокот на сезона, после 15-тото премиерлигашко коло се наоѓа на петтата позиција со 27 бодови, три повеќе од денешниот ривал кој е на деветтото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести