Вест хем одигра храбро реми (1-1) против Манчестер сити и освои голем бод со кој излезе од опасната зона на табелата во Премиер лигата. Од друга страна, ова не е посакуван резултат за Граѓаните кои полека ја губат трката за титулата со Арсенал.
Сега Топчиите имаат девет бода предност, а Манчестер сити има еден одигран натпревар помалку.
Бернардо Силва во 31-та минута изведе магија и со лоб удар го совлада Хермансен, но Вест хем израмни само четири минути подоцна.
Константинос Мавропанос погоди по корнер откако скокна највисоко и ја закова топката под гредата.
Манчестер сити притискаше цело второ полувреме, но не успеа да постигне победнички погодок.

