Вест хем пречекува тим против кого нема освоено ни бод во Премиер лигата

3010 Рома – Торино (18.30 часот)

Рома и да победи, не може да мрдне од својата шеста позиција. Торино има двојно помалку дадени голови од Волчицата, но Торо има и помалку примени голови од Рома. Торо во минатото коло загуби од Лацио, веројатно ќе врзе два порази по ред од римски клубови. Рома има згуснат календар, имаше и европски обврски, во четвртокот играа 120 минути и пенали. Последните три меѓусебни дуели на овие екипи беа со 0-2 гола, есеноска одиграа 1-1. Последната победа на Торино на „Олимпико“ беше пред четири години.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.55)

 

3612 Фиорентина – Лацио (20.45 часот)

Ова е дуел на соседи на табелата во Серија А, се борат за излез во Европа, со тоа што Лацио има два бода повеќе. Ова се тимови кои прилично ретко играат нерешено, а Фиорентина е таа со повеќе постигнати, но и повеќе примени голови од Лацио. Во октомври во Рим, Орлите ги победија Виолетовите со 1-0, со гол од пенал во 95-тата минута. На Лацио му лежи „Артемио Франки“ во последно време, на последните два меча на овој стадион победуваше, и тоа со вкупна гол-разлика 7-0.

Предлог тип: 30-90 мин. (2.19)

 

1008 Вест хем – Брентфорд (21.00 часот)

Малото лондонско дерби е шанса барем за еден од овие два тима да излезе од кризата и серијата порази. Чеканите имаат три порази по ред, а Пчелите имаат четири порази во последните пет кола. Вест хем има дури 11 бода повеќе, иако гол-разликата на овие два тима им се разликува само за еден гол. Вест хем дома нема победа во 2024 година. Традицијата ги фаворитите гостите. Брентфорд ги доби сите пет премиерлигашки дуели досега против Вест хем.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.99)

 

1360 Жирона – Рајо Валјекано (21.00 часот)

Кај овој пар двојката е исклучена, прашање е само дали Столе Димитриевски и другарите може да освојат барем бод. Жирона која се бори за титула, има два порази по ред и ова им е шанса да се вратат на второ место, Рајо не е тим од кој треба да се плашат бидејќи ретко победува на гости. Во првиот нивен дуел сезонава, Жирона со пресврт дојде до победа од 2-1. Рајо има дадено само 22 гола на 25 меча сезонава, а на последното гостување кај Жирона даде два гола.

Предлог тип: 1 & 1+I & 1+ II (2.45)

 

1545 Боависта – Брага (21.15 часот)

Гостите се фаворити, имаат 19 бода повеќе од Боависта, но тоа не гарантира победа. Брага во четвртокот имаше болно гостување, испаднаа по 120 минути игра против Карабах, имаа и долго непријатно патување од Азербејџан до дома. Во септември Брага ја надигра Боависта со убедливи 4-1, а два гола даде Хорта, кој вечер нема да игра. Боависта пет години не знае за лигашка победа дома против Брага.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.79)

- Оглас -

Најнови вести