Вест хем сака да го купи и Карлос Солер од ПСЖ

Англискиот премиерлигаш Вест хем покажува сериозен интерес за фудбалерот на Пари Сен Жермен, Карлос Солер. Новиот менаџер на тимот од Лондон, Хулен Лопетеги, сака да го направи Солер негово деветто ново засилување, откриваат медиумите на Островот.

Лопетеги, кој е поранешен менаџер на Вулверхемптон во Премиер лигата, веќе потроши 130 милиони фунти за да донесе играчи како Макс Килман, Никлас Фулкруг, Арон Ван-Бисака и Кришенсио Самервил, но очигледно не завршил со своите намери да го засили тимот.

Сепак, Лопетеги не одговори на прашањето за трансферните планови.
„Нема да зборувам за имиња кои не се тука затоа што тоа не е целта. Мојата задача во моментот е да го подготвам тимот за нашиот прв натпревар. Да видиме што ќе се случи. Пазарот сè уште е отворен. Потполно сме свесни за тоа, но моментно фокусот го насочуваме кон играчите кои се тука“, изјави Лопетеги.

Еден од фудбалерите кои најверојатно ќе си заминат е минатогодишниот капитен Курт Зума. Францускиот дефанзивец моментно е во Дубаи и таму преговара со нов заинтересиран клуб откако трансферот во Шабаб Ал-Ахли пропадна поради неуспешни медицински тестови.

- Оглас -

Најнови вести