Пропаѓа трансферот на Мегваер во Вест хем, дефанзивецот останува во Манчестер?!

Иако се чинеше дека е готова работа за преминот на Хари Мегваер во Вест хем, последните информации се дека Чеканите се повлекуваат од намерата да го донесат затоа што веќе не им се чека предолгото тактизирање на релација Мегваер-Манчестер јунајтед.

Манчестер ја прифати понудата на Вест хем од околу 30-35 милиони фунти и Мегваер ги прифати личните услови околу платата, но проблемот е што Хари бара од Црвените ѓаволи да му дадат 7 милиони фунти за да го раскине договорот со нив затоа што во клубот се зголемени платите за пласманот во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести