Вест хем – Сити ќе ја има во кино, ама навивачите не смее да одат на стадион

Вест хем е домаќин на Манчестер сити во првиот денешен меч од Премиер лигата, а тренерот на домаќините најголем проблем му е како уште во Англија не дозволија да има публика на трибините. Шкотскиот стратег не може да се изначуди на одлуката денешниот меч да се пренесува во коно сала која е на само 10 минути од стадионот, а сепак да нема дозвола за присуство на публика на трибините.

„Со сигурност не сум експерт за пандемија, но изминативе денови гледав мечеви од други европски првенства и видов дека има публика на трибините. Тешко ми е да поверувам дека ние не можеме да го направиме истото. Не мислам на 500 или 1.000 гледачи, туку на 25 или 30 отсто исполнет капацитет од стадионот. Зошто другите држави го можат тоа, а ние не? Толку ли сме полоши од останатите? Ќе повторам, не сакам да се мешам затоа што тоа не е моја работа, но чувствувам дека не е исправно“, вели Мојс, кој не можеше да се изначуди како навивачите ќе може да купуваат билети и со своите семејства да одат во кино да го гледаат мечот против Сити, а не е дозволено да дојдат на стадион.

„Сега навивачите ќе одат во кино да го гледаат мечот, а не може тоа да биде на отворено на стадион. Не знам кои се причините. Можеби поради патувањето со метрото и автобуси. Можеби поради полните барови околу стадионот. Не знам, а би сакал некој да излезе и да ми објасни“, вели Мојс.

 

- Оглас -

Најнови вести