Вест хем со контроверзен гол, втор меч по ред има водство против Арсенал на „Емирати“ по првото полувреме (Видео)

Арсенал иако во мечот од 19-тото коло против градскиот ривал Вест влезе како голем фаворит, по првото полувреме има негатива од 0:1.

Голот кој ги шокира навивачите на Арсенал го постигна Томаш Соучек во 13-тата минута. Овој гол предизвика големи реакции на фановите на Арсенал бидејќи сметаат дека топката ја поминала гол-линијата. Но, ВАР-технологијата покажа дека топката не била надвор во целиот обид и судијата Мајкл Оливер го призна голот.

Во 41-вата минута Топчиите имаа одлична шанса да го израмнат резултатот, но Букајо Сака ја погоди стативата.

Интересно е што и минатата сезона на „Емирати“, Чеканите водеа со 0:1 по првото полувреме, но Арсенал во вториот дел успеа да направи пресврт и да слави со 3:1.

- Оглас -

Најнови вести