Вест хем со пресврт до три бода, Лестер победи и со 10 играчи, Њукасл се спаси во 90+4

Вест хем оствари сензационален пресврт над Хадерсфилд со 4-3, откако „чеканите“ губеа и со 1-3 на олимпискиот стадион во Лондон. Вест хем наиде на проблеми по водечкиот гол на Нобл од белата точка (15-та минута), примија два гола со кои „териерите“ водеа по првиот дел, а мрежата ја тресеа бакуна во 17-тата и Ахирн-Грант во 30-тата минута.

Ахирн-Грант во 65-тата минута заби за 3-1 во корист на Хадерсфилд, но домаќините се вратија во игра со погодоците на Огбона во 75-тата, додека Чичарито со два гола во 84-тата, односно 92-та минута ги обезбеди трите бода на тимот кој го води Мануел Пелегрини.

Њукасл со голот Ричи во четвртата минута од судиското надополнување се избори за реми против Борнмут од 2-2. Во мечот од 31-то коло во Премиер лигата, избраниците на Рафа Бенитес го имаа резултатот во своја корист по првите 45 минути, откако Рондон постигна гол пред паузата, додека во второто полувреме Кинг во два наврати го совлада Дубравка. Во 48-та минута погоди од белата точка, а потоа во 81-та за предност на „црешите“, а трите бода ги испуштија во последните моменти.

Лестер се покажа како непријатен гостин, па во дополнително време го совлада Барнли со конечни 2-1. „Лисиците“ се изборија за трите бода и покрај тоа што речиси цел меч го играа со фудбалер помалку. Мегвајер заработи директен црвен картон во четвртата минута, а Медисон со прекрасен погодок од слободен удар им донесе предност на гостите, пред Мекнил да израмни во 38-та минута. Голот за победа искусниот Морган во 90-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести