Вест хем води на „Енфилд“, тоа е убава вест за Мојс (видео)

Вест хем изненадува во првите дваесетина минути на гостувањето кај шампионот Ливерпул со водство од 1-0 кое го донесе Форналс во 10-тата минута. Чеканите се во поход по нова сензација, откако во претходните три кола го растури Лестер, а издвои тешки ремија против Тотенхем и Манчестер сити.

Гостите ќе треба да го дадат максимумот до крајот на 90-те минути ако сакаат да ги освојат бодовите, а крајот со нетрпение ќе го чека Дејвид Мојс. Менаџерот на Вест хем во својата тренерска кариера никогаш не се радувал на гостинска победа против Ливерпул.

Во вкупно 16 гостувања со Евертон, Манчестер јунајтед, Сандерленд, состав на Мојс нема издвоено победа на стадионот на којшто Ливерпул е неприкосновен. Интересно е што во последните 18 натпревари во кои Вест хем прв поведе, нема претрпено пораз.

- Оглас -

Најнови вести