Веќе се одбројуваат последните осум дена до стартот на најголемиот спортски настан годинава, Светското првенство во Катар, а земјата домаќин е подготвена да пречека и прими милиони фанови за кои ќе важат ригорозни правила уште на самиот влез во земјата.
Големо разочарување за навивачите кои ќе патуваат во Катар за да ги следат натпреварите од СП, претставува податокот дека на листата на забранети работи кои не смеат да ги имаат со себе се и цигарите и тутунот.
Катарските власти не дозволуваат влез во земјата на тутун, цигари, електронски цигари или било каков предмет што личи на цигара.
Сите што ќе се обидат да внесат цигари или тутун за џвакање ќе сносат правни последици.
Исто така, навивачите нема да внесат повеќе од 50 илјади риали во готовина (околу 13 илјади евра) во Катар без да го пријават кај царинските власти.