Вест на денот од НБА: Веѓата останува во Лејкерс и следната сезона!

Крилниот центар Ентони Дејвис останува во редовите на Лос Анџелес лејкерс, тимот со кој сезонава освои титула во НБА-лигата. Дејвис најави дека ќе „излезе“ од својот договор, ќе се откаже од гарантирани 28,7 милиони долари, но како слободен играч ќе потпише нов повеќегодишен договор со Лејкерс.

Опциите се двегодишен договор од 68 милиони, тригодишен на 106 милиони или четиригодишен, за кој би добил 146 милиони долари. Веѓата заедно со Леброн Џејмс беа најзаслужни за титулата на Езерџиите. Лејкерс може да понуди и петгодишен договор вреден 202 милиони долари, повеќе отколку што другите клубови може да му дадат на 27-годишниот Дејвис.

Но, парите не се единствениот фактор. Дејвис брка титули и не сака да остане предолго во Лејкерс, туку додека и Леброн Џејмс е таму, а договорот на 35-годишниот Џејмс е до 2022 година. Кога ќе си замине Леброн, и Дејвис ќе си замине.

- Оглас -

Најнови вести