Траорна вест го погоди фудбалскиот свет, а на 53-годишна возраст попладнево почина легендарниот фудбалер Синиша Михајловиќ.
Големото фудбалско име ја загуби битката со леукемијата, иако до неодамна се чинеше дека конечно успеа да се излечи и да биде комплетно здрав по долгогодишно боледување.
Пред неколку дена му се влоши ситуацијата и пак беше хоспитализиран, а попладнево пристигна и тажната вест дека ја загубил најважната животна битка.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1603754657301790720?s=20&t=UFgWYBTHi9_xRi0ggQATfw