Лос Анџелес лејкерс и Хјустон рокетс се на нерешени 1:1 по првите два меча од полуфиналето на плејофот во Западната конференција. Хјустон го доби првиот меч, а Лејкерс утрово израмни на 1:1. Во дуелот на многуте ѕвезди во двата тима, еден двобој е посебно издвоен.
Леброн Џејмс едноставно го напати Расел Вестбрук, кога се работи за обидот на ѕвездата на Хјустон да оди на положување против Кралот. Во првите два меча Вестбрук едноставно се „изнајаде банани“ кога Леброн беше покрај него, а ние ви ги нудиме трите најдобри до првите два меча. Овие блокади дефинитивно може да конкурираат за Топ-10 блокади во сезоната, а во сите три случаи актерите се исти, а и епилогот. Џејмс не му дозволува на Вестбрук да поентира.