Вестбрук го надмина и легендарниот Чемберлен

Расел Вестбрук влезе во историјата на НБА лигата како прв играч кој успеал да направи 10 трипл-дабл, во низа. Вестбрук ноќеска имаше 21 поени, 14 скока и 11 асистенции, што беше доволно да се надмине рекордот на легендарниот Вилт Чемберлен, кој во кариерата успеал на девет меча по ред да има трипл-дабл.

Рекордот на Вестбрук беше зачинет со победа на Оклахома против Портланд од 120:111, но интересно е тоа што рекордерот не беше најдобар на теренот во победничкиот тим. Пол Џорџ одигра меч за памтење. И тој имаше трипл-дабл, но со 47 поени, 12 скока и 10 асистенции. Со овој учинок, Вестбрук и Џорџ станаа само деветите соиграчи во историјата на НБА лигата, кои успеале да направат трипл-дабл на еден ист меч.

И Џејмс Харден брка рекорд на Чемберлен, но засега е далеку од него. Ѕвездата на Хјустон стигна до 30 меч по ред на кој дава 30+ поени. Харден даде 31 поени, а интересно е што во последните три минути постигна дури 10 поени. Хјустон без проблеми го победија Далас со 120:104. Рекордот на Чемберлен е 65 меча по ред на кој дал 30+ поени на меч.

Резултати: Кливленд – Њујорк 107:104, Детроит – Вашингтон 121:112, Индијана – Шарлот 99:90, Торонто – Бруклин 127:125, Чикаго – Милвоки 99:112, Хјустон – Далас 120:104, Минесота – ЛА Клиперс 130:120, Оклахома – Портланд 120:111, Денвер – Мајами 103:87.

- Оглас -

Најнови вести