Вестбрук ја скрши раката, а реакцијата му беше неверојатна (Видео)

Расел Вестбрук е еден од оние кошаркари кои повеќе од 15 години константно добро игра во НБА лигата и буквално одбележува една ера. Искусниот 35-годишен бек-шутер на последниот меч во дресот на Лос Анџелес клиепрс против вашингтон визардс, заработи тешка повреда.

Клиперс победи убедливо со 140:115, а Вестбрук мораше принудно да го напушти теренот на почетокот на втората четвртина. Во една дефанзивна задача, Вестбрук во обид да му ја одземе топката на Џордан Пул, играчот на Клиперс си ја повреди раката.

Вестбрук почувствува болка, но се обиде да продолжи и во игра остана уште две минути, за да потоа сепак мораше да го напушти теренот. По направените лекарски прегледи, било потврдено дека Вестбрук заработил скршеница на зглобот на раката.

Искусниот бек сезонава ги одигра сите мечеви за Клиперс и просечно за 23 минути поминато на теренот има 11,1 поени, 5,2 скока и 4,5 асистенции по меч. Сепак, сега Вестбрук го чека пауза од четири до шест недели.

- Оглас -

Најнови вести